
Синдикат на култура: Кратењето на платите не е вина на Министерството за финансии, туку на ресорното министерство
Синдикатот на културата на Република Македонија соопшти дека, според допис добиен од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, проблемот со платите и нивното кратење од 3 отсто не произлегува од Министерството за финансии, туку од Министерството за култура и туризам, кое, како што велат, е одговорно за нивното изготвување и за почитување на колективните договори и законите.
Препорачано

Од Синдикатот потсетуваат дека и самиот министер за култура и туризам, Влатко Љутков, неодамна изјави дека Владата со ребалансот обезбедила 267 милиони денари за плати во културата, без кратење од програмските активности на институциите.
– Целиот хаос и кратењето на 3 проценти на платите кои законски им следуваат на вработените во културата, за што се поднесени над 1000 приговори и повеќе од 800 тужби. Ова е резултат на одлуки на поединци во Министерството, мотивирани исклучиво од хирови и лична суета – наведуваат од Синдикатот.
Од таму посочуваат дека и понатаму остануваат отворени за социјален дијалог со Владата и Министерството, со цел да се најде решение и да им бидат вратени средствата кои, како што велат, законски им следуваат на вработените во културата.