Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Мечкин Камен/Фото: Фејсбук

Сиљановска: По толку бели линии сега да зборувате за црвени линии е апсурдно, партиите да седнат и да се договорат

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека не е потребна Декларација со црвени линии за евроинтеграциите на земјата, што опозициската СДСМ најави дека ќе ја поднесе. Според неа крајно време е партиите да седнат во Собранието и да се договорат како ќе настапуваат надвор од државата.

„По толку бели линии сега да зборувате за црвени линии е апсурдно. Ние имаме декларација и тоа не само една туку неколку декларации сме донеле во Собранието и не беа почитувани. Ние дури референдумски резултат не почитувавме а камоли црвени линии. Не разбирам што значи црвени линии“ изјави Сиљановска.

Вели дека особено не го разбира делот кој што го посочуваат од СДСМ, дека ако Бугарија повторно ни стави вето да сме ги прекинеле преговорите.

„Да, ќе ги прекинеме преговорите и тоа му одговара на соседот (Бугарија) ама ќе го смениме уставот по 37 пат“ додаде таа и им порача на пратениците пред да даваат изјави во Брисел прво да седнат во Собранието и да се договорат.

Според претседателката, најважно е политичките партии и од опозицијата и од власта да постигнат консензус за тоа како ќе се однесуваат надвор.

„Ако така се однесуваа по средбата на која сите и се израдувавме во Владата, мислам дека и ЕУ поинаку ќе се однесуваше. Ако лидерите на опозицијата и лидерите на сите партии зборуваа во еден глас дека мислиме вака и вака, дека ова е најдобро решение, сигурно поинаку ќе се однесуваа кон нас. Ама да слушате аргументација – предложија уставни измени со одложено дејство, не им ги прифатија. Првиот човек на Европската унија Кошта за измените со одложено дејство рече дека се извонреден потег. Зарем мисли некој дека ние ќе предложиме уставни измени со одложено дејство ако за тоа нема уставен основ. Па и првите уставни измени беа со одложено дејство, па и Преспанските беа со одложено дејство, рече Сиљановска-Давкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!