Гордана Сиљановска Давкова и Касим-Жомарт Токаев во Астана

Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на Казахстан Токаев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токаев во резиденцијата „Акорда“ во Астана, на која што се разговараше за севкупниот развој на односите меѓу двете држави кои се кооперативни и пријателски, соопшти претседателскиот кабинет.

„Укажувајќи на можностите за инвестирање што ги нуди земјава и на важноста на мултиполарниот свет, претседателката ја истакна подготвеноста од македонска страна за натамошен развој и продлабочување на билатералните односи. Таа повика на интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, која е релативно мала, со дефицит на македонска страна. Како што Казахстан е мостот меѓу Азија и Европа, така ние можеме да бидеме мостот со Централна и Источна Европа заради нашата положба“, рекла претседателката по средбата.

„Домаќинот, претседателот Токаев, нагласи дека Казахстан е заинтересиран за развој на сеопфатно партнерство со државава и рече „ја сметаме вашата земја како доверлив партнер на Балканскиот Полуостров“. Тој ја истакна важноста од натамошно продлабочување на економските односи и зголемување на трговската размена преку конкретни чекори, како што се директни средби меѓу компании од двете земји и воспоставување на казахстанско-македонски економски совет“, рекол Токаев, според кабинетот на Сиљановска Давкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот