Фото: Кабинет на Претседател

Сиљановска-Давкова помилува и осуденик кој барал Уставен да го укине СЈО

Меѓу помилуваните десетмина осуденици од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се најде и името на Живко Делиџаков од гевгелиското село Богородица. Делиџаков доби скратување на затворската казна од три месеци, но не е познато за кое дело е осуден и уште колку му останува од казната.

Интересно за помилуваниот Делиџаков е што пред неколку години, заедно со Тодор Петров поднел иницијатива пред Уставниот суд за укинување на Законот за СЈО.

Сиљановска-Давкова вчера во своето прво помилување им го скрати затворскиот престој на: Акиф Равмановски, Никола Трпчески , Шенол Маслани , Мухарем Али, Тодор Попов, Томислав Симеонов, Перо Кузмановски, Живко Делиџаков, ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески и Марјан Ефремов.

Сиљановска Давкова по помилувањето рече дека сега гледа оти „личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот“, но Kомисијата за помилување се водела од конкретни дела и дека, иако таа потпишува одлуки и го има последниот збор, нема да се меша директно во нејзината работа.

Одлуките за помилување на осуденици, претседателот на државата ја носи по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот.

Калајџиев: Во Македонија има малку помилувања

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот