Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Силен земјотрес ги стресе Хаваите, се активира и вулканот Мауна Лоа
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала вчера го потресе хавајскиот вулкан Мауна Лоа – најголемиот активен вулкан на планетата, кој според научниците е во „состојба на зголемување на активност“.
Препорачано
Луѓето на Големиот Остров пријавиле дека почувствувале благи потреси. Градоначалникот на округот Хаваи, Мич Рот, изјави дека засега нема извештаи за штета или повредени.
Според американскиот геолошки институт, најмалку осум помали последователни потреси следеле по земјотресот во резерватот Кау Форест во близина на југоисточниот град Пахала на островот.
Мауна Лоа не еруптира и засега нема знаци за претстојна ерупција. „Меѓутоа, Мауна Лоа и понатаму е во состојба на зголемена активност, за што сведочи зголемената сеизмолошка активност“, соопшти Геолошкиот институт на САД. „Ова најверојатно е предизвикано од обновениот прилив на магма во резервоарскиот систем на врвот на Мауна Лоа“.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека нема опасност од цунами за оваа американска сојузна држава.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
14мин
-
20мин
-
30мин
-
35мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5