
„Силата на единството“: Тенкови, авиони и ракети викендов на улиците во Белград
Во сабота, 20 септември, пред Палатата на Србија во Нов Белград ќе се одржи парадата на српската армија под наслов „Силата на единството“. Настанот е посветен на одбележувањето на Денот на српското единство, слободата и националното знаме.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
To purnja, dimi, škripi, ciči, grebe, krši lomi…
Pripreme za naprednu paradu – osveta Beograđanima u punom kapacitetu. 🤦♂️🤦♂️🤦♂️ pic.twitter.com/AHhMvLPGba— Aθαμαη ζαΓλιβλιαηςκι (@atamanzagliblje) September 11, 2025
Според српскиот портал „Танго шест“, кој неколку дена ги следеше подготовките, на вежбите на воздухопловните единици на српската армија се забележани интересни моменти, како и значајни сегменти од копненото инженерство.
Авионските летови над Белград започнаа на 5 септември

Како што наведува медиумот, најпрво во воздухот деновиве беа забележани борбените авиони МиГ-29, а постепено им се приклучија и други типови, така што завчера се регистрирани 12 авиони. Бројот на хеликоптери, кој на почетокот беше осум, достигна 17. Според порталот авионите засега не летаа во формации, туку еден по еден и тоа, три МиГ-29, два Орел, два Галеб Г-4, потоа два авиони од типот Ласта и еден Ц295. Се смета дека овие екипажи ќе бидат водачи на формациите на самата парада.

Покрај овие типови, беа забележани и поретки летала, како школскиот авион Утва-75 и „Сенека В“ – авион за воздушно фотографирање.
Според најавите, бројот на летала значително ќе се зголеми, а на парадата треба да се приклучат и два повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ на Француските воздухопловни сили.
Кинески системи и оклопни возила
Во исто време, на улиците на Белград беа забележани и компоненти од кинескиот ракетен систем земја-воздух HQ-22, распоредени во 250-та бригада за противвоздушна одбрана. Овие системи служат за далечинско следење и засилување на воздушната безбедност.

Во колоната се појавија и оклопни возила БОВ ОТ М-21, кои се дел од пешадиските баталјони на четири бригади на Копнената армија и на Воената полиција. Дополнително, беа забележани голем број камиони од производителот FAP, кои транспортираа разновидна воена опрема, како и теренски возила опремени со ракети и беспилотни летала, пишува Нова.рс.
Посебно внимание привлече израелскиот систем PASARS-16 – оружје за противвоздушна одбрана со краток дострел, кое комбинира автоматски топ и ракети. Овој хибриден систем користи 40-милиметарски противвоздушен топ „Бофорс“ и ракети од типот „Мистрал 3“ или „Игла/Стрела“, во зависност од верзијата.
Политичка порака преку воената парада
Според воениот аналитичар Александар Радиќ, парадата не е само демонстрација на воена сила, туку и политички сигнал.

„Очигледно е дека власта ужива да ја покажува армијата. Станува збор за обид да се испрати порака дека зад владата стои сила“, изјави Радиќ, за РСЕ.
Најголемата воена парада во Србија се одржа во 2014 година во Белград, во присуство на рускиот претседател Владимир Путин. За разлика од тогаш, денес Русија е во голема изолација од Западот поради војната во Украина, што ја прави актуелната парада уште посимболична.