Радослав Сикорски/Фото: МИА

Сикорски: Војната во Украина може да заврши како Првата светска војна

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека војната во Украина би можела да има сличен епилог како Првата светска војна – завршувајќи кога едната страна ќе остане без ресурси за да продолжи со борбите.

„Сегашната војна веројатно ќе заврши на ист начин како Првата светска војна. Едната или другата страна ќе остане без залихи за да ја продолжи“, рече Сикорски во интервју за Си-ен-ен.

Полскиот министер апелираше до Западот да го зголеми економскиот притисок врз Русија и да ја зголеми воената помош за Киев, за Москва, како што рече, да разбере дека „не може да победи“. Само тогаш, според него, би имало простор за започнување мировни преговори.

Сикорски, исто така, потсети на промената во реториката на американскиот претседател Доналд Трамп, како и на неодамнешните украински напади врз руските рафинерии, кои Киев ги користи за, според него, да ја ослабне економската моќ на Москва. Тој додаде дека конфликтот „ја уништува иднината на Русија“.

Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека снабдувањето на Украина со ново оружје нема да ја промени ситуацијата на фронтот.

„Во моментов нема лек што може да ја промени ситуацијата. Нема магично оружје за режимот во Киев. И без разлика дали станува збор за Томахавк или други ракети, тие нема да можат да ја променат динамиката“, рече Песков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот