
Сикорски: Полска нема да испрати своја војска во евентуална мировна мисија во Украина
Варшава нема да испрати свој воен контингент како дел од евентуална мировна мисија во Украина, туку ќе „обезбеди поддршка“, изјави денеска полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, пренесе Укринформ.
Препорачано
За време на говорот на полскиот саем за задачите на надворешната политика на земјата оваа година, тој рече дека без Полска, давање помош на Украина би било невозможно, имајќи предвид дека најмалку 80 отсто од целата помош за Украина поминува низ логистичкиот центар Жешов-Јасионка.
Тој изјави дека Полска досега обучила речиси 30.000 припадници на украинските воени сили, што е една третина од обучените од сите земји на ЕУ.
Сикорски рече дека Полска веќе и доставила на Украина 45 пакети воена помош во вредност од околу 4 милијарди евра и дека испораките се во тек како дел од 46-тиот пакет.
Полскиот премиер Доналд Туск претходно изјави дека Полска нема да испрати свои војници во евентуален мировен контингент во Украина, бидејќи се фокусира на заштита на своето источно крило, односно на границите со Русија и Белорусија, пренесува Танјуг.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5