Радослав Сикорски, министер за надворешни работи на Р.Полска

Сикорски: Крајно време е Трамп да сфати дека Путин му се потсмева

Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски за американската телевизија „Пи-би-ес“ (PBS) изјави дека „крајно време е претседателот Трамп да сфати дека Путин се потсмева на него“.

Тој додаде дека наместо примирје и сериозни мировни преговори, што се очекувале пред средбата на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин на Алјаска, Русија испратила повеќе дронови прво на Украина, а сега и на НАТО.

Изјавата на Сикорски уследи откако Трамп изјави дека упадот на руски дронови во полскиот воздушен простор би можело да е грешка. Додека за Полска и европските сојузници е намерна провокација и нова ескалација на војната.

Руски беспилотни летала на 9 септември навлегоа во полскиот воздушен простор, за време на нападот врз Украина, а полската армија со помош на НАТО собори 19 дронови. Според Варшава дроновите навлегле дури 480 километри на полска територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот