Сијарто: Крајот на војните е можен само преку преговори
Д.С.
Пред
Ниеден вооружен конфликт никогаш не завршил на бојното поле, а решение може да се најде само преку дипломатија, поради што медијацијата меѓу завојуваните страни е исклучително важна, изјави денес во Њујорк унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
За време на состанокот за медијација меѓу завојуваните страни на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Сијарто истакна дека медијацијата е особено важна за Унгарија, која се соочува со безбедносни предизвици поради војната во соседна Украина, како и поради нелегалната миграција, што е исто така последица од вооружените конфликти, според
соопштението за медиумите на министерството, пренесено од МТИ.
„Затоа се залагаме за мир низ целиот свет и ја поддржуваме секоја иницијатива насочена кон постигнување мирно решение. Колку побрзо завојуваните страни седнат на преговарачка маса, толку побрзо ќе има шанса војната да заврши, да се спасат повеќе животи и да се спречи поголемо уништување“, рече Сијарто.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Младата пејачка и авторка Елена Васова ја освои годинашната регионална награда „Милан Младеновиќ“ со песната „Љубов“. Ова признание, кое претходно ѝ припадна на Дина Јашари во 2022 година, уште еднаш ја постави македонската музичка сцена на регионалната мапа. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Дронови над француската воена база во Марн 2 …
Поранешниот градоначалник на Скопје Ристо Пенов предлага на горните катови на Градскиот трговски центар (ГТЦ), да се пресели управата на Град Скопје, со што би се избегнале трошоци за градење нова зграда на градот, а и би се осигурил опстанокот на трговскиот центар. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Дронови над француската …