Каја Шукова / Фото: скриншот

Шукова вели дека не му се нудела на Ѓорѓиевски за директорка на „Комунална хигиена“ ако тој стане градоначалник

Каја Шукова, кандидатката за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, рече дека не му се понудила на противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, да биде директорка на „Комунална хигиена“ доколку тој победи.

На директно новинарско прашање дали би ја прифатила понудата за директорска позиција, Шукова одговори:

„Не сум размислувала на таа тема, јас имам сега друга работна задача. Јас сум тука да победам, да им дадам на граѓаните можност да имаме убаво, современо, чисто и зелено Скопје“.

Ѓорѓиевски вчера рече дека секоја идеја од противкандидатите која ќе придонесе за поквалитетен живот ќе биде земена предвид и применета.

-Горан Марковски ќе биде вклучен по изборите како дел од моите советници, доколку би прифатил таква работа, да помогне во однос на сите овие проекти кои што треба да ги реализираме. Каја Шукова, мислам самата се понуди за директор на „Комунална хигиена“. Може ќе спроведеме постапка – интервју. Ако се покаже дека е најдобар кандидат можеби ќе биде поставена за директор – вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот