Каја Шукова / Фото: Фејсбук

Шукова: Парите за градски штаб ќе ги донираме, градот е нашиот штаб

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, вчеравечер на митинг во општина Центар најави дека таа и кандидатите за советници одлучиле да се откажат од градски изборен штаб и тие средства да ги донира во хуманитарни цели.

„Јас како кандидат за градоначалник и кандидатите за советници во Град Скопје се откажавме од градски штаб. Сите средства за работа на штабот ќе бидат уплатени за Домот за деца без родители на Град Скопје. Нашиот штаб е целиот град. Секоја улица, секое маало ќе ни биде штаб. Не ни треба градски штаб. Средствата се за тие на кои им се најпотребни,“ изјави Шукова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот