
Шукова: Европските фондови ќе помогнат во развој на државата
Ниту една држава, вклучително и голем дел од земјите-членки на Европската Унија, не успеале со национални средства да ги спроведат инвестициите во животната средина, туку успеале со голема помош од фондовите на ЕУ, рече министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова на конференцијата „Година на европски можности“.
Препорачано
Таа додаде дека ИПА веќе се користи особено за инвестиции во управувањето со води, отпад, заштита на природата и заштита на воздухот.
Но, кога ќе се отворат европските фондови, кога ќе ја отвориме преговарачката рамка, се очекува дека средствата ќе се зголемат неколку пати и ќе помогнат на државата во развојот“ рече Шукова.
Министерката додаде дека ако не инвестираме во животната средина и доброто управување со отпад, тогаш ќе потрошиме многу повеќе пари на санирање на последиците.
Шукова посочи дека ако сериозно се спроведе стратегијата за климатски промени и новиот Закон за клима, кој треба во скоро време да се најде во владина и собраниска процедура, ќе се генерираат десетина илјади зелени работни места.
Имаме долгорочна стратегија за климатски промени, јасно детерминирана што треба да направиме со јасно утврдени цели и мерки. Мораме да инвестираме во овие сектори кои влијаат на климата, бидејќи секое неинвестирање ќе ни донесе многу повеќе трошоци подоцна, рече Шукова.
Таа додаде дека има одлична соработка со ресорите кои влијаат на климатските промени, како енергетика, транспорт, земјоделие и заедно се детерминираат цели, пред сè во насока на намалување на климатските промени, намалување на загадувањето на животната средина и подобар економски раст.