Бајден, Макрон, Џонсон/ Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Што си кажаа лидерите на големата петорка за руско-украинската војна

Лидерите на Велика Британија, Италија, Франција, Германија и САД денеска во телефонски разговор ја повторија потребата да се поддржат руско-украинските разговори во обид да се воспостави примирје во Украина, соопшти прес-службата на италијанскиот премиер Марио Драги.

– Петте лидери ја повторија важноста од тесна координација во обезбедувањето помош за украинското население и властите, со посебен акцент на обезбедувањето хуманитарни коридори и поддршка за бегалците. Тие, исто така, го делат мислењето за потребата за поддршка на тековните преговори меѓу Русија и Украина и обезбедување прекин на огнот што е можно поскоро, се наведува во соопштението.

Се додава дека за време на телефонскиот разговор лидерите разговарале и за прашањето за диверзификација на снабдувањето со енергенси.

Во соопштението на Белата куќа за телефонскиот разговор на Бајден со сојузниците се вели дека тие зборувале за напорите да се обезбеди хуманитарна помош за милиони луѓе погодени од насилство во Украина и оние кои бараат засолниште во други земји.

– Тие, исто така, разговараа за важноста на поддршката на стабилни енергетски пазари во светлината на сегашното нарушување поради санкциите, се вели во соопштението на Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот