Фото: Профимедиа

Што предвидува планот на Трамп за Газа и каква улога игра Тони Блер во него?

Мировниот план објавен од Белата куќа во понеделникот за ставање крај на војната во Појасот Газа вклучува изненадувачки повоени улоги на територијата за две истакнати политички личности и тоа поранешниот британски премиер Тони Блер и американскиот претседател Доналд Трамп.

Според РСЕ, во предлогот се наведува дека, Газа ќе биде управувана од привремен, технократски, аполитичен палестински комитет“, иако не се наведуваат имиња на палестински поединци или групи кои би биле вклучени во транзицијата.

Што вели планот за привремената администрација?

Панелот би бил надгледуван од ново меѓународно транзициско тело наречено „Мировен комитет“. Трамп би бил на чело, а би вклучувал и други шефови на држави и членови, вклучувајќи го и Блер.

Комитетот би бил одговорен за секојдневното работење на јавните служби и општините во Газа и би се состоел од „квалификувани Палестинци и меѓународни експерти“ кои не беа идентификувани. Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација нема да има никаква улога во управувањето со Газа.

Зошто планот предизвика загриженост?

Во последните недели, извештаите за вмешаноста на Блер предизвикаа загриженост кај некои за историјата на британскиот империјализам во регионот, а особено за вмешаноста на Блер во инвазијата на Ирак, која се базираше на тврдења дека Ирак поседува оружје за масовно уништување, што се покажа како лажно.

Инвазијата на Ирак предводена од САД започна во 2003 година и заврши во 2011 година. Беше широко критикувана поради нејзиниот дестабилизирачки ефект врз регионот и високиот број на жртви. Самиот Блер се соочи со критики откако неговите тврдења за оружје за масовно уништување беа побиени.

Што ќе направи управното тело?

Според „Радио Слободена Европа“ телото ќе ја финансира реконструкцијата на Газа сè додека „палестинската власт не ја заврши својата програма за реформи“, се вели во предлогот, без да се даде прецизен временски рок. Планот вели дека меѓународните групи развиле некои инвестициски предлози и идеи, но тие не се идентификувани.

Палестинската власт и заедничката изјава од неколку земји со муслиманско мнозинство рекоа дека ги поздравуваат напорите на Трамп за завршување на војната во Газа.

Што правеше Блер неодамна за Газа?

Кон крајот на минатиот месец, Блер ја посети Белата куќа за да се сретне со Трамп. Институтот Тони Блер соопшти дека тој „имал многу разговори со разни групи за повоената реконструкција на Газа“.

Што велат критичарите и Палестинците за вмешаноста на Блер?

Мустафа Баргути, генерален секретар на Палестинската национална иницијатива, за „Вашингтон пост“ изјави:

„Веќе сме биле под британски колонијализам. Тој има лоша репутација тука. Ако го споменете Тони Блер, првото нешто што луѓето ќе помислат е војната во Ирак – истакна тој.

Франческа Албанезе, специјален известувач на Обединетите нации за човекови права на окупираните палестински територии, рече: „Тони Блер? Не. Рацете подалеку од Палестина“.

Што рече Блер?

Блер во понеделник изјави дека идејата на Трамп е „смел и интелигентен план“. Тој изрази поддршка за предлогот на Трамп да раководи со комитет кој ќе го надгледува панелот за привремена администрација во Газа.

Во меѓувреме сликите на гладни Палестинци предизвикаа глобален бес поради нападот на Израел врз Газа, во кој загинаа десетици илјади луѓе и се расели целото население. Повеќе експерти за човекови права, научници и истрага на ОН рекоа дека тоа претставува геноцид.

Израел вели дека неговите постапки биле самоодбрана по нападот на милитантите на Хамас во октомври 2013 година, во кој загинаа 1.200 луѓе и се зедоа повеќе од 250 заложници.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот