Фото: Профимедиа

Штипските епидемиолози почнаа со тестирањето на работниците од петте конфекции

Директорката на  Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова  вели дека денеска ќе земат околу 200 брисеви.

Почна масовното тестирање на текстилните работници во петте конфекции, кои од денеска треба да се затворени. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова  вели дека денеска ќе земат околу 200 брисеви.

-На помош денеска ни пристигнаа и двајца лаборанти од Ценатрот за јавно здравје-Кочани. Сметаме дека во кадровскиот дел сме екипирани и со оваа помош ќе го извршиме тестирањето на текстилните работници, вели Димитрова.

На терен  се две екипи, кои ги земаат брисевите од домовите на лицата кои се опфатени од масовното тестирање и еден тим работи во пунктот, кој зема брисеви по упат од матичните лекари. Штипските епидемиолози масовното тестирање на околу 500 работници во овие конфекции ќе го заврашат до 6 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот