Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Штекли му кажал на психијатар дека во минатиот живот бил желка и затоа сега не јадел месо

Обвинетиот за трговија со дрога, Раде Трајковски Штекли, може да го следи судскиот процес и да учествува во истиот и да дава своја одбрана, рече денеска еден од вештаците на Обвинителството. Според него, Трајковски воопшто не е психотичен, ниту бил психотичен за време на престој во затворот во Скопје, пренесе „Телма“.

Штекли на вештакот му кажал дека имал „паранормални искуства“ и оти во минатиот живот бил желка што се реинкарнирала во човек, па затоа сега не јаде месо.

Ова е спротивно на вештачењето на одбраната, односно на психијатарот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, кој го оцени Трајковски како психотичен, со шизофрени карактеристики. Според проценката, Трајковски покажува верување во реинкарнација и има „имагинарен учител“, кој му кажува како да постапува, што според одбраната го прави неспособен да ја следи судската постапка.

Трајковски во затворот бил прегледан и од друг психијатар во јуни, кој исто така не забележал психоза.

Судијата Илија Трпков најави дека ќе ги соочи вештите лица од двете страни пред да донесе одлука дали ќе се прифати едно од вештачењата или ќе се нареди ново. Судењето продолжува во октомври со сведочењето и на другиот вештак на обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот