Денис Шродер Фото: ФИБА

Шрeдер избран за МВП на Евробаскет, идеалната петорка без Јокиќ, Марканен, Осман…

Германија го освои европското злато откако во возбудливо финале ја совлада Турција, а блескавата вечер на „панцерите“ ја заокружи Денис Шредер со признанието за најкорисен играч на шампионатот.

Во идеалната петорка на Европското првенство место добија двајца Германци, Шредер и Франц Вагнер, заедно со словенечкиот магионичар Лука Дончиќ, грчката суперѕвезда Јанис Адетокумбо и турскиот талент Алперен Шенѓун.

Интересно е што во изборот за најдобрите изостанаа звучни имиња како Лаури Марканен, Никола Јокиќ и Чеди Осман, иако имаа забележителни настапи низ турнирот.

Сепак, Евробаскетот останува во знакот на германската генерација, која со историски настап се искачи на врвот на европската кошарка по вторпат во својата историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот