Мерц и Фон дер Лајен на конгресот на ЦДУ/Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Шпигел: Мерц размислува да ја номинира фон дер Лајен за кандидат за претседатeл на Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц размислува да ја номинира актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за свој кандидат за претседателските избори во 2027 година, објавува „Шпигел“.

Весникот потсетува дека на прашањето дали жена може да биде следниот германски претседател, Мерц одговорил дека „тоа би било добро“. Покрај фон дер Лајен, потенцијални кандидати се претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, министерката за семејство Карин Приен и претседателката на баварскиот покраински парламент, Илзе Ајнгер.

Според „Шпигел“, кандидатурата на Урсула фон дер Лајен е особено привлечна за Мерц бидејќи таа веќе се етаблирала во Брисел со нејзиното вклучување во Зелената агенда и силната поддршка за Украина.

Нејзината евентуална оставка како шеф на Европската комисија не би се толкувала како деградација, туку како нов политички предизвик.

Доколку биде избрана, фон дер Лајен повторно би испишувала историја – како прва жена што ја извршувала функцијата германски министер за одбрана, прва претседателка на Европската комисија, а потоа и прва жена федерален претседател.

Следните претседателски избори во Германија ќе се одржат во 2027 година. Кандидатите ги номинираат политичките партии и здруженија, додека изборот го одлучува Федералното собрание – посебно тело составено од членови на Бундестагот и делегати од сојузните покраини. Претседателот затоа не се избира директно од народот, туку од овој изборен колегиум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот