
Шпаркасе Банка АД Скопје: Со приклучувањето кон СЕПА, се воведени нови, поволни услови за плаќања во евра
Од денеска, 6 октомври, Шпаркасе Банка АД Скопје започнува со извршување СЕПА-трансфери. Банката направи значаен исчекор кон современите европски платни системи, приклучувајќи се кон Единственото подрачје за плаќања во евра СЕПА (Single Euro Payments Area).
Препорачано
Со оваа иницијатива, Шпаркасе Банка станува активен учесник во извршувањето на СЕПА кредитните трансфери, овозможувајќи им на клиентите, физички и правни лица, да вршат и да примаат плаќања во евра под исти услови и права како во другите земји членки на СЕПА.
За сите нови и постојни физички лица – клиенти на Банката што ќе отворат девизна сметка во Шпаркасе Банка во периодот од 6.10.2025 до 31.10.2025 следува поволност за бесплатни трансфери во евра во рамките на СЕПА до крајот на октомври.
Во согласност со последните измени на Општите правила и услови, Шпаркасе Банка воведе и поволности за правни лица:
• СЕПА кредитни трансфери: хартиени налози 1.250 МКД, електронски 600 МКД; СЕПА приливи до 50.000 ЕУР – 500 МКД, над 50.000 ЕУР – 1.500 МКД.
• Намалување на тарифи за Fast Intragroup Transfers (FIT Payments): до 50.000 ЕУР – 600 МКД, над 50.000 ЕУР – 0,23% (хартиени) / 0,15% (електронски), минимален износ 600 МКД.
• Бришење на надоместоците за Intra Group Payments и кредитни трансфери кон Групација со воведувањето на СЕПА.
Со овие промени, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата заложба за дигитална трансформација, усогласеност со европските стандарди и обезбедување иновативни, сигурни и економични решенија за платниот промет кон и од европските земји.
Повеќе информации за тарифите за СЕПА трансфери на www.sparkasse.mk