Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Шпанската полиција заплени 11 тони кокаин на албанската мафија
Единаесет тони кокаин увезени од албанските криминални организации се запленети во Шпанија во две операции, објави шпанската полиција, истакнувајќи ја важноста на балканските мафии во шверцот на дрога.
Препорачано
„За една недела успеавме да отстраниме 11 тони кокаин од пазарот“, изјави Антонио Мартинес Дуарте, шефот на централната бригада на одделот за дроги и организиран криминал во шпанската полиција.
Дрогата пристигнала од Колумбија преку Еквадор и била откриена во контејнери во пристаништата во Виго и Валенсија. Во првата операција во Виго биле запленети 7,5 тони кокаин скриен во смрзнати филети туна, а уште 3,4 тони биле пронајдени во Валенсија, во двојното дно на бродски контејнери.
Во двете операции, спроведени на крајот на ноември и во почетокот на декември, се уапсени 21 лице, од кои мнозинството се албански државјани. Меѓу уапсените е и шпански бизнисмен, кој го користел својот бизнис со увоз на риба за да организира превоз на дрога.
„Двете операции немаат ништо една со друга. Единственото нешто што ги поврзува е што зад нив стојат организации од албанско потекло. Албанските мафии веќе некое време имаат монопол врз транспортот на дрога, не само во Европа, туку и во Јужна Америка“, додаде Дуарте.
Во Шпанија запленети 7,5 тони кокаин, уапсени 20 луѓе од Балканот
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
28мин
-
36мин
-
40мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5