Газа/Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Шпанија евакуираше 44 деца од Газа заедно со нивните семејства

Шпанија во изминатите неколку месеци евакуираше 44 ранети или болни деца од воено разорената Газа, заедно со околу 100 членови на нивните семејства или роднини, соопшти денес шпанската влада.

Четирите евакуации биле извршени во координација со меѓународни организации и неколку држави, а операциите ги водело шпанското Министерство за миграција, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Евакуираните деца и нивните семејства се распоредени во различни делови на Шпанија, каде им е обезбедена потребната медицинска помош и поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот