Дерек Шоле/Фото: ЕПА-ЕФЕ

Шоле наредната недела во Скопје, Приштина и во Белград

Високиот советник во американскиот Стејт Департмент, Дерек Шоле и американска делегација во текот на следната недела ќе го посети Балканот, вклучително и Македонија, објави Гласот на Америка.

Според медиумот, Шоле, кој минатиот месец ја одложи посетата поради ковид, ќе ги посети Србија, Косово и Македонија, без да се прецизира кои денови ќе ги посети овие држави.

Од американската амбасада во Скопје за Канал 5 велат дека немаат потврда за посетата на високиот американски дипломат во Скопје. Шоле во интервју за Гласот на Америка вчера повтори дека борбата со корупцијата останува пиоритет на Стејт Департмнетот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот