Шолц Путин средба Москва EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Шолц: Ова е војна на Путин, направи голема грешка со неа

По руската воена акција во Украина германскиот канцелар Олаф Шолц денеска истакна дека „ова е војна на Путин”.

Обраќајќи им се на граѓаните, Шолц истакна дека Русија денеска грубо го прекршила меѓународното право, нанесувајќи им страдање на соседите, кршејќи го суверенитетот и границите на Украина и ги загрозува животите на својот брат народ во Украина.

-Така, Русија го доведува во прашање мировниот поредок на нашиот континент. Ова е војната на Путин. Путин направи голема грешка со својата војна, подвлече тој.

Шолц додаде дека тој  на украинскиот претседател му ја изразил целосната германска солидарност.

Канцеларот наведе дека го свикал Советот за национална безбедност за да донесе одлука за натамошни активности и ги повика сите германски граѓани да ја напуштат Украина заради сопствена безбедност.

Тој рече и дека побарал од претседателот на Бундестагот в недела да закаже вонредна седница на која ќе им се обрати на пратениците за ситуацијата во Украина.

Шолц најави и дека попладнево како претседавач со Г7 ќе се заложи за единствената силна реакција на најсилните демократии во светот.

Тој додава дека Германија е во тесна соработка со своите партнери во НАТО и ЕУ и со нив ќе одлучи за дополнителни строги санкции.

-Целта на санкциите е јасно да му се стави до знаење на руското раководство дека ќе плати висока цена, рече германската канцелар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот