
Шилегов: Осудените за 27 април треба да останат во затвор, упадот во парламентот е тероризам, не е насилство
Мислам дека и политичарите, и новинарите треба да дадеме посебен акцент на настаните од 27 април, да ги осудиме пред се. Ние сме парламентарна демократија, а во неа граѓаните гласаат, избираат пратеници и власта ја добиваат оние кои се во ситуација да имаат парламентарно мнозинство. Ние, се до 27 април, имавме одбивање од ВМРО ДПМНЕ мирно да ја предаде власта на оние кои победија на изборите и имаа мнозинство. Тоа на 27 април беше газење на волјата на гласачите, не знам која логика имаа тие луѓе тогаш. Ние како здраворазумни мораме да го осудиме таквото постапување, а осудените за нападот да останат таму кај што се. Во нашата држава првилата се исти као и во многу држави. Примопредавањето на власта е врв на демократија, но нам во 2017 година тоа не ни се случи. Уште не можам да разберам што беше причината за тоа да се случи, изјави Петре Шилегов, во „Само вистина“ на Канал 5.
Препорачано
Се присети на крвавиот ден во парламентот и повика да не се злоупотребуваат децата затоа што и пратениците, како и осудениците, имаат деца кои дента на 27 април не знаеле дали родителот ќе им се врати жив од парламентот.
– Јас како човек сакам да го заборавам тој момент, моментот со насилство. Јас сум дел од СДСМ, градоначалник на Скопје и сум можел некако да се одмаздам, но тоа не е поентата, мораме да ги легнеме работите. Тоа што се случи во неделата со протестот, не потсети на немилиот настан кога ние пратениците бевме предмет на директен напад, имаше присебни пратеници и од ВМРО ДПМНЕ кои застанаа во наша одбрана. Но, верувам и тие не се чувствуваа пријатно од она што го гледаа. Кога видовме дека толпата влезе во парламентот беше јасно дека ситуацијата е надвор од контрола и е под контрола од некого кој планирал таква контрола. Како ми било мене, ќерка ми имаше 14 години тогаш, како ѝ било неа? Но, да не ги злоупотебуваме децата. И јас би го гушнал тоа девојче што жали за таткото што ѝ е во затвор, рече Шилегов.
– Нивните кривични дела, на осудените, се поврзани со напад врз уставниот поредок. Тоа беше дива орда од 200 до 300 луѓе кои трчаат кон вас со крв во очите. Шекеринска беше удрена по глава со статив од 12 килограми. Насилство како кривично дело е кога имате конфликт на луѓе со напад врз човечкиот интегритет, но кога нападот е со упад во државна институција, во парламант, тоа не само насислтво, туку здружување заради напад на уставен поредок, објасни Петре Шилегов, градоначални на Скопје, инаку адвокат по професија.