Рафаел Гроси/ фото: МИА

Шефот на МААЕ под 24-часовно обезбедување поради иранските закани

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, беше ставен под 24-часовно обезбедување од страна на елитната австриска специјална единица Кобра, откако разузнавачките информации укажаа на специфична закана од Иран, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од оваа организација.

Дополнителни безбедносни мерки беа воведени кон крајот на јуни откако австриското разузнавање доби информации за потенцијална закана против Гроси од неидентификувана трета страна, по зголемените тензии меѓу Израел и Иран.

Портпаролот на МААЕ, Фредерик Дал, го потврди распоредувањето на единицата Кобра, но одби да коментира за потеклото на заканата.

„Можеме да потврдиме дека Австрија ја обезбедила единицата Кобра, но не можеме да потврдиме од каде доаѓа конкретната закана“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!