Фото: Принтскрин / Фејсбук

Шеесет и деветгодишна жена е уапсена под сомнение дека брутално ја убила познатата актерка и режисерка

Жена е обвинета за убиството на филмската режисерка Џенифер Абот, која беше пронајдена избодена до смрт во нејзиниот дом. Ненси Пакстон (69) е обвинета за убиството на 69-годишната режисерка, позната и како Сара Стајнберг, која беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Камден, северен Лондон, во петокот на 3 јуни.

Џенифер ја пронашле нејзината внука и соседите, кои ја скршиле вратата откако семејството не успеало да ја добие денови.

Обдукцијата покажала дека причина за смртта е удар од тап предмет.

Пакстон ќе се појави денес пред Кралскиот суд во Хајбери, соопшти Метрополитенската полиција.

Во соопштението утрово, полицијата објасни дека биле повикани на местото на настанот во петокот околу 18 часот во по пријава дека режисерката не се огласувала од својот дом.

„Полицијата реагираше на местото на настанот и пронашла жена со убодни рани. За жал, таа беше прогласена за мртва на местото на настанот. Идентификувана како 69-годишната Џенифер Абот. Нејзините најблиски роднини се известени и пружена им е помош“.

Позната режисерка пронајдена мртва со селотејп преку устата и завиткана во ќебе: Брутално убиена поради нејзиниот дијамантски „ролекс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот