Александар Шаленберг
Александар Шаленберг / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Шаленберг: ЕУ не може да си дозволи да му даде приоритет на членството на Украина, а да ги занемари земјите од Западен Балкан

Европската унија не може да си дозволи да му даде приоритет на членството на Украина, а притоа да ги занемари другите долгогодишни кандидатури како оние на земјите од Западен Балкан, предупреди австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.

Во гостувањето во подкастот „Politico EU confidential“, Шаленберг рече дека блокот мора внимателно да ја разгледа и преиспита својата политика за проширување, иако верува дека и Украина и соседна Молдавија припаѓаат на „европското семејство“, пренесува Б92.

– Не можеме да ја имаме Украина на брзата лента, а другите земји во лентата за застанување. Тоа би било геостратешка катастрофа, оцени шефот на австриската дипломатија.

Осврнувајќи се на дистопискиот роман на Џорџ Орвел „Животинска фарма“, Шаленберг истакна дека ЕУ треба да избегнува систем каде што некои земји се „поеднакви од другите“.

Австрискиот министер потсети дека ЕУ пред околу 20 години им вети членство на земјите од Западен Балкан, но тоа ветување не го исполни.

Тој го повика Брисел да се држи до своите ветувања и да се откаже од „бинарното размислување“ за членството, сугерирајќи дека на земјите кандидати треба да им се дозволи одредено учество во планирањата и активностите на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!