Туристичкиот центар Вонсан Калма во Северна Кореја/Фото: EPA/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Северна Кореја експресно им забрани на странските туристи влез во новоотвореното раскошно одморалиште

Само неколку недели по големото отворање на новото крајбрежно одморалиште, и откако го промовираше како „туристичка и културна дестинација од светска класа“, Северна Кореја неочекувано објави дека на странските туристи не им е дозволен влез во Вонсан Калма, град со хотели, ресторани, театар, рекреативни центри, теретани, кино и водни тобогани на источниот брег на земјата.

Неколку дена откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го посети Вонсан – кој вети дека ќе помогне во зајакнувањето на туризмот во Северна Кореја – властите нагло го запреа пристапот на странци до новоформираната крајбрежна туристичка зона, без да дадат никакво објаснување за неочекуваниот потег, според Блумберг.

Официјалната туристичка веб-страница на Северна Кореја, DPR Korea Tour, во среда објави дека на странските посетители „привремено не им е дозволен“ влез во зоната Вонсан-Калма, објави „Кореја ЏунгАнг дејли“.

Севернокорејското крајбрежно одморалиште беше отворено на 24 јуни, по години изградба и подготовка, а неговите први посетители беа група руски туристи.

На инаугурацијата на Вонсан Калма, Ким Џонг-ун изјави дека местото ќе биде евидентирано како „еден од најголемите успеси оваа година“ и го опиша неговото отворање како „прв чекор во спроведувањето на владината политика за развој на туризмот“.

Всушност, државните медиуми објавија дека Северна Кореја планира да изгради слични туристички зони низ целата земја за да привлече странски посетители.

Гигантскиот комплекс Вонсан-Калма може да прими речиси 20.000 луѓе, но неговите перспективи остануваат неизвесни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот