
Сергеј Шојгу во Пјонгјанг: Ким Џонг Ун вети „безусловна“ поддршка на Русија
Руска делегација предводена од секретарот на Советот за безбедност Сергеј Шојгу беше во Пјонгјанг во средата, во уште еден потег за „проширување“ на соработката меѓу земјите.
Препорачано
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му вети на Шојгу дека „безусловно“ ќе ја поддржи Русија во војната со Украина, и покрај големите загуби на Пјонгјанг во човечки животи на фронтот.
Ким Џонг Ун изјави дека „безусловно ќе ја поддржи ставот и надворешната политика на Русија за сите критични меѓународни политички прашања , вклучително и украинското прашање“, објави денес државната новинска агенција на Северна Кореја.
Ким и Шојгу „разговараа како да се консолидира стратешката соработка меѓу Северна Кореја и Русија и постигнаа консензус за украинското прашање и други нерешени меѓународни ситуации“, соопшти КЦНА.
Руската државна новинска агенција Тас објави дека рускиот функционер и севернокорејскиот лидер „разговарале и за перспективите за реконструкција на Курската област и ги истакнале чекорите за почитување на придонесот на севернокорејските војници “.
Соработка со компромиси
Во април, двете земји официјално го потврдија распоредувањето на севернокорејски трупи во Русија за прв пат, велејќи дека војниците од двете земји се борат заедно за да ја одбијат украинската инвазија во Курската област во Русија.
Во тоа време, рускиот претседател Владимир Путин ѝ се заблагодари на Северна Кореја за нејзиното учество во војната и вети дека нема да ги заборави нивните жртви.
Пјонгјанг и Москва официјално не објавија колку севернокорејски војници се наоѓаат во Русија. Сепак, американските, јужнокорејските и украинските разузнавачки претставници проценуваат дека има помеѓу 10.000 и 12.000 војници, кои беа испратени во Русија минатата есен.
Јужнокорејските власти неодамна соопштија дека Северна Кореја испратила околу 3.000 дополнителни војници во Русија претходно оваа година.
Северна Кореја, исто така, испорачува огромна количина конвенционално оружје на Русија, во замена за економска и воена помош и технологии што ќе му помогнат на Ким Џонг Ун да ја зајакне својата програма за нуклеарно оружје.