Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Семејство обвинето за држење и пренесување марихуана, ја чувале во автосервис во Ѓорче Петров

Против четири лица поднесено е обвинение за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Од Основното јавно обвинителство Скопје соопштија дека се работи за тројца мажи и една жена, роднински поврзани, кои во автосервис во Ѓорче Петров, неовластено заради продажба држеле 133,72 килограми марихуана.

На 2 мај тие спакувале 99,6 килограми марихуана и ги подготвиле за неовластена продажба. Дрогата во кеси и картонски кутии ја ставиле во автомобил, а остатокот го оставиле во авто сервисот.

Истиот ден заеднички организирале пренос на марихуаната, движејќи се со три автомобили еден зад друг – прво возило со цел да известува за полициски службеници и патроли, второ возило во кое била дрогата и трет автомобил за заштита. На издадена полициска наредба да запрат на улицата „Скупи“, првиот автомобил воопшто не застанал и обвинетиот се дал во бегство. Другите две возила биле веднаш сопрени и при извршен преглед биле пронајдени картонските кутии со дрогата. По извршен претрес во авто сервисот била пронајдена и останатата марихуана, но исто така биле пронајдени и четири куршуми муниција кои еден од обвинетите ги држел без дозвола, се наведува во соопштението од ЈО.

Еден од обвинетите се гони и за кривично дело – Неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

По лишување од слобода на сите четворица обвинети, по предлог на јавниот обвинител им беше определена мерка притвор. Со поднесувањето на обвинителниот акт, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворските мерки, бидејќи се уште постојат законските основи – опасност од бегство и можност да го повторат делото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот