Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Селекторот на Финска: Додека не ја победивме Србија, речиси никого не го интересираше кошарка
Финска испиша златна страница во својата кошаркарска историја, пласирајќи се во полуфиналето на Европското првенство за првпат досега, откако во четвртфиналната пресметка ја совлада селекцијата на Грузија со убедливи 93-79.
Препорачано
Финците одиграа максимално зрел и дисциплиниран натпревар, со што ги разбија сите надежи на противникот за пласман меѓу најдобрите четири. Триумфот предизвика вистинска еуфорија во нивната татковина, каде кошарката доживува вистински подем.
Селекторот Ласи Туови не го криеше задоволството по историскиот успех, но и откри дека до победата на Србија во осминафиналето во нивната земја не ги следеле премногу.
„Овој момент го сонувавме со години. Горди сме на сè што постигнавме. Сè се смени по победата над Србија, одеднаш интересот за кошарка експлодира, дотогаш речиси никого не го интересираше. Благодарен сум на сите што нè поддржаа, но и на целиот стручен штаб“, изјави Туови.
Финска за место во финалето ќе игра против Германија во натпреварот кој е закажан за утре во терминот од 16:00 часот. Во второто полуфинале од 20:00 часот силите ќе ги одмерат Грција и Турција.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
35мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5