Мобилен телефон Скопје Лето
Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Секоја електронска услуга што ја дава државата во просек чини по 200 евра!

Во системот на Националниот портал е-улуги вложени се 829.167 илјади денари од Буџетот и ИПА проекти. На порталот се регистрирани 112.657 корисници кои побарале 64.700 е-услуги.

Ефикасноста на електронското функционирање на услугите што ги дава државата мерено низ призмата на парите е катастрофална. Податоците од Државниот завод за ревизија покажуваат дека секоја електронска услуга што ја дава државата во просек чини по 200 евра! Тоа значи дека толку чини вадење извод, проверка на стаж, проверка на катастарски податоци…

„Во системот на Националниот портал е-улуги вложени се 829.167 илјади денари од Буџетот и ИПА проекти. На порталот се регистрирани 112.657 корисници кои побарале 64.700 е-услуги.

Имајќи ги во предвид средствата кои се вложени во развој и одржување на националниот портал за е-услуги и бројот на реализраните е-услуги, произлегува дека цената на една реализрана услуга преку овој портал изнесува 12.815 денари.

Поединечниот или фрагментираниот институционален пристап за развој на самостојни е-решенија, вложени финансиски средства за нивно одржување, резултира со нерационално користење на ресурсите“ пишува во извештајот.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност – ревизија на информациски системи на тема „Ефективноста на националниот портал за е-услуги“, со цел да даде одговор на прашањето „Дали со дигитализација на услугите, за граѓаните ќе се обезбедат поефикасни, целосни, квалитетни и електронски услуги со пониски цени?“

Со ревизијата e утврдено дека не е воспоставен доволен мониторинг во делот на усогласување на матичната легислатива со законската легислатива за дигитализација, што претставува административна бариера за граѓаните.

Согласно документите, бројот на прописите и законите кои треба да се усогласат за дигитализација на процесите е околу 140 закони.
Формиран е Национален совет за дигитална трансформација и две работни групи за изменување и дополнување на закони поради дигитализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот