Што се случува со цената на маслиновото масло? Секаде поевтинува, а во Хрватска расте

Хрватска е земја на апсурди. Најновиот случај на зголемување на цената на одреден производ најдобро го докажува ова тврдење. Станува збор за маслиновото масло. Според податоците од Министерството за земјоделство, килограм од овој прехранбен производ во Хрватска чинел 13,36 евра во јуни, што е за 14 проценти повеќе отколку во мај, пишува Даница.хр.

Тоа е за 127 проценти поскапо од просекот во ЕУ и дури 267 проценти повеќе отколку во Шпанија! Во јуни, цената на маслиновото масло на месечна основа падна главно во Европската Унија: во Шпанија за два проценти, во Грција за пет проценти, а во Португалија цената беше за 19 проценти пониска отколку во мај. Во Италија, тоа беше приближно на исто ниво. И сето ова се случува во ситуација кога Хрватска бележи најголемо производство на маслиново масло и маслинки во последните 20 години.

Минатата година беа произведени речиси 63.000 хектолитри масло, што е за 64 проценти повеќе од претходната година. Производството на маслинки, исто така, буквално експлодираше. Минатата година се произведени вкупно околу 54.400 тони, што е за дури 82 проценти повеќе од претходната година. Приносот по хектар е исто така значително поголем и изнесуваше 2,7 тони, највисок досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот