принтскрин/Youtube

Седумгодишно момче скокнало во запалена куќа за да си ја спаси сестричката

Херојски потег на седумгодишно момче, кое се вратило во запалениот дом во Тенеси за да ја спаси својата помала сестра откако се запалила нивната семејна куќа.

Ели Дејвидсон скокнал преку прозорецот во спалната соба на неговата мала сестра откако неговите родители не успеале да го спасат 22-месечното девојче одвнатре.

Сестричката на Ели Дејвидсон/принтскрин/Youtube

Нивната мајка, Никол Дејвидсон, вели дека на 9 декември рано наутро ја разбудил мирисот на чад, а наскоро нивната куќа ја „проголтал“ пламен. Никол и нејзиниот сопруг Крис, двајцата поранешни пожарникари, прво се обиделе да ги спасат Ели и неговиот двегодишен брат Елаја, со оглед на тоа што нивната соба била најблиску до огнот.

Но, чадот и огнот биле толку густи што повеќе не можеле да стигнат до собата на Ерин.

Ели Дејвидсон/принтскрин/Youtube

Излеговме за да дојдеме до неа од прозорецот, но немав на што да стојам за да стигнам горе. Го зедов Ели кој влезе низ прозорецот и кој успеа да ја зграпчи од креветчето – изјавил Крис. Тој вели дека не може да биде повеќе горд на својот син.

Бев исплашен, но не сакав сестра ми да умре – рекло храброто седумгодишно момче.

Иако никој од семејството не е повреден во пожарот, целата куќа на семејството од Тенеси изгорела во пожарот. Кампањата за семејна помош „Гоу фунд ми“ е започната минатата недела и веќе се собрани над 330.000 долари. Причината за пожарот сè уште не е утврдена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот