Инјектирање на ботокс/Фото: EPA/Bas Czerwinski

Седум жени примени во болница во Софија поради компликации од ботокс

Уште една жена е хоспитализирана во Ургентната болница „Пирогов“ со проблеми по инјекциите на ботокс, соопштија од софиската болницата во неделата навечер. Така, во моментот во „Пирогов“ помош побарале вкупно седум повредени жени, од кои пет останале на лекување, а две се пуштени, објавија бугарските медиуми.

Вчера рано попладне во „Пирогов“ се примени уште две пациентки поради компликации по инјектирање ботокс. Симптомите на новопримените жени во болница се идентични со оние на претходните жртви.

Четврта жена била примена во болницата Пирогов во саботата доцна навечер откако примила ботокс.

47-годишната пациентка е примена на Клиниката за нервни заболувања со јатроген ботулизам.

Нејзиниот ботокс бил ставен на истото место кое и претходните 3 жени го посетиле.

Досега помош во болницата „Пирогов“ побарале вкупно 4 дами, од кои 3 останале на лекување, соопштија од таму.

Претходно, Нели Георгиева, која е заменик-претседател на Здружението на пациенти по естетска медицина, за БТВ изјави дека се повредени вкупно 8 жени. Сите имале процедура направена од исто лице и имале поплаки, вклучително и овенати очен капак, заматен вид и силен замор.

Подоцна стана јасно дека 11 жени се здобиле со повреди по инјектирање со ботулински токсин. Нели Георгиева, која е заменик-претседател на Здружението на пациенти по естетска медицина, за Бугарското национално радио изјави дека жените платиле по 250 лева за процедурата, а жената која го инјектирала ботоксот нема медицинско образование.

„Ме контактираа 11 жени, од кои три се во тешка состојба, денеска во „Пирогов“ е примена уште една, четврта девојка, мислам дека моментално е на ВМА на преглед. Жената која ги инјектирала со ботокс нема медицинско образование, не е со бугарско потекло и колку што знам од девојките им кажала дека моментално не е во Бугарија, таа само го сменила својот инстаграм профил на друго име. Мислам дека им земала по околу 250 лева за ботоксот. Жените искористиле некои промоции што таа ги имаше околу црниот петок и божиќните празници“, рече таа.

Нели Георгиева за Бугарското национално радио изјави дека заедно со повредените жени најверојатно ќе ги известат полицијата и обвинителството за случајот.

Која е „докторката“ за ботокс?

„Здраво, јас се викам Арина Гудз и сум дерматолог. Високото медицинско образование го завршив на Првиот државен медицински универзитет во Санкт Петербург именуван по И.П. Павлов – вака се претставува фаталната козметичарка поради која се претпоставува дека 11 жени завршиле во „Пирогов“ со компликации по инјекциите ботокс, објавија бугарските медиуми.

„Докторката“ додава дека посетувала многу медицински курсеви за поставување на филери на база на хијалуронска киселина и ботулински токсин тип А во пределот на лицето.

Пред околу 3 недели жената која се претставувала како доктор најавила 30% промоција за процедури.

Денеска се очекува средба меѓу бугарскиот министер за здравство и Управата за медицински надзор за случајот со 11-те жени повредени по инјектирање ботокс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот