Фото Архива

Седум луѓе загинаа при уривање на воен авион во Венецуела

Седум луѓе загинаа, а тројца преживеаја откако венецуелски воен авион се урна денес за време на лет до домородна заедница во регионот Амазон, соопшти венецуелското Министерство за одбрана, пренесуваат медиумите.

Авионот „Цесна Ц-208Б“ се урнал 14 километри источно од аеродромот што го опслужува Пуерто Ајакучо, главниот град на јужната држава Амазонас.

Меѓу патниците имало и припадници на домородната заедница Јаномами. Авионот извршувал мисија за пренос на персонал од заедницата до градот Парима Б, во близина на границата со Бразил.

Владата ја потврди смртта на копилотот и уште шест луѓе, додека пилотот бил меѓу преживеаните. Властите започнаа истрага за причините за несреќата.

Авионот припаѓал на воздухопловна единица специјализирана за поддршка на домородните заедници. Ист тип на авион од истата единица се урна и во ноември 2022 година за време на тренинг лет, кога загинаа пет офицери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот