Фото: ЈП „Паркови и зеленило“

Се уредува, коси и чисти кејот на Вардар

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве спроведуваат активности за уредување на кејот на Вардар каде се коси тревата, дивоизраснатата нискостеблеста вегетација, се собираат откос и отпадоци.

Со машини и тримери екипи од повеќе реони денес отпочнаа со средување и уредување на зеленилото по левото течение на кејот на Вардар, на потег од стационарот кај ЈП „Лајка“ сѐ до мостот Близнак во населбата Ново Лисиче. Предвидените работни активности се одвиваат етапно и ќе продолжат во наредните денови – соопштија од јавното претпријатие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот