Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Се удави девојка во Вардар, човек скокнал да ја спаси и тој исчезнал во водите
Безживотно тело на помлада жена утрово е најдено во близина на селото Старо Чајле по три часовната потрага. Најверојатно се работи за девојката која синоќа пред полноќ беше пријавена дека била понесена од водите на Вардар.
Препорачано
Според првичните информации на портпаролот СВР Тетово, Марјан Јосифоски, утрово околу 3 часот телото го забележале локални жители на песочен остров во близина на детско игралиште. Набрзо потоа случајот го пријавиле во полиција.
По доаѓањето на медицинска екипа, било констатирано дека нема знаци на живот. Се работи за дваесет годишна гостиварка која според првичните информации, некоја минута пред полноќ паднала во Вардар во близина на малиот метален мост кај градскиот пазар. Очевидци кои пријавиле во полиција потврдиле дека и еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во намерата и бил повлечен од брзаците на реката. Се претпоставува дека станува збор за 45 годишен гостиварец, по кој сè уште се трага.
Полициски службеници и екипи за пребарување од утрово продолжија со пребарување по течението на Вардар во обид да се најде телото на мажот.
Полициски службеници и мештани со батериски ламби го следеа текот на водата во случај да се појават телата. Засега не се познати околностите кои довеле до трагичниот настан.
Телото на девојката, по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
22мин
-
30мин
-
59мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5