Фото: Македонска држава

Се подготвува „Македонска држава“ – првата дигитална библиотека за македонското историско наследство

Првата дигитална платформа со електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура, поезија и патриотско творештво почнува со работа на 8 септември, Денот на независноста. Станува збор за проектот „Македонска држава“ каде секој ќе може бесплатно да пристапи до сеопфатната дигитална библиотека чија основна тема се македонското историско и културно наследство. Платформата која во моментов е изработена на англиски јазик, во текот на септември ќе биде достапна и на македонски јазик, а во иднина ќе се преведе и на други странски јазици.

„Целта на „Македонска Држава“ е да им овозможи на сите љубопитни умови, без разлика на возраста или образованието, слободен и објективен увид во богатото културно и историско наследство на Македонија. Во време кога информациите често се фрагментирани или недостапни, оваа библиотека претставува централно место за учење, истражување и инспирација. Тука секој посетител ќе може да најде веродостојни и внимателно селектирани содржини, вклучувајќи архиви што ги опфаќаат најзначајните настани и личности од изминатите 150+ години. Со внимателно селектирани содржини, организирани во јасни категории и поддржани со лесна, интуитивна навигација, овој проект претставува модерен одговор на потребата за централизирана дигитална архива“, велат од тимот кој ја подготвува архивата.

„Веруваме дека историјата треба да биде жива, разбирлива и достапна за секого – без ограничувања и без филтри“, велат од тимот кој стои зад проектот. „Со дигитализацијата на материјалите и нивната бесплатна достапност, ја отвораме вратата за нова генерација истражувачи, ученици, студенти, новинари и сите љубители на македонската култура“, додаваат оттаму.

Од следната недела, секој посетител ќе може да ја разгледа платформата, да ја истражи нејзината содржина и да стане дел од заедницата што ќе продолжи да ја пишува македонската приказна – во ново, дигитално поглавје, достапно секогаш и насекаде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!