Граѓани со заштитни маски во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Се отпуштаат трудници, самохрани мајки и хронично болни

Бремени жени, самохрани мајки, работнички пред пензија, хронични болни, мајки на деца до 10 години, од март минатата година се жртви на состојбата предизвикана од корона кризата, но и жртви на несовесноста и нехуманоста на дел од работодавачите во текстилната индустрија.

Кристина Ампева од „Гласен текстилец за „Слободен печат“, вели дека во целата ланска година, се искористувал стравот и незнаењето на работничките, и на потпис им се давале разни штетни анекси, откази, спогодби и изјави, се со цел, газдите да не им исплатат опремнина согласно видот на отказот, кој де факто е од деловни причини на фирмата и работодавачот.

-Не успеавме и покрај сета дадена правна помош, изјави, апели, надзори од инспекции, да спречиме да не се потпишуваат. Дури откако ќе ја видат штетата, тогаш ни се јавуваат, а тогаш не сме во можност да сториме ништо освен да ги препратиме да го побараат нивното право на надомест од Агенцијата за вработување. Секако, доколку знаеме дека не се потпишале, а се одјавени поради разни причини, по нашата пријава до трудовите инспектори, тие беа успешно вратени на работа – додава Ампева.

Поради кризата, 7.000 лица останаа без работа во текстилната индустрија, а според податоците на Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, петте општини со највисок пораст на невработеноста се: Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово, каде што се лоцирани најголемиот број на вакви фанрики. Најчеста основа за прекинување на работниот однос во овој сектор, во последните 5 години е истекот на определено време. Во 2020 година овој основ бележи раст од 123 отсто.

Триесет годишната експлоатација и нефункционирањето на синдикатите во приватниот сектор, си го зело данокот во оваа најтрудоинтензивна гранка.

-Жртви повторно се жените, оние со секогаш ниски примања, оние кои работат во индустрии каде е застапена женска работна сила. Тие најмногу ја почувствуваа оваа криза – заклучува Ампева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот