
Се огласи Руската црква: Ги признаваме само канонските права на СПЦ во Северна Македонија
Откако денеска Вселенската патријаршија ја призна за канонска и ја отстрани повеќедецинската шизма наложена врз Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, Руската православна црква (РПЦ) излезе со став дека ги признава само канонските права на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија.
Препорачано
– Руската православна црква ги признава исклучителните канонски права на СПЦ во Северна Македонија. Ставот на РПЦ пред сѐ ќе го земе предвид пристапот на тој проблем на Српската црква, на која и натаму и ги признаваме исклучителните канонски права во Северна Македонија, изјави секретарот на Одделението за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук.
Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е призната за канонска црква. Потегот не значи томос за автокефалност, туку претставува објава дека МПЦ-ОА не е во шизма и раскол со православниот свет.
Вселенската патријаршија ја призна независноста на Украинската православна црква во 2019 година, додека Русија не ја признава нејзината автокефалност.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
8мин
-
26мин
-
47мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5