Се очекуваат немири во Англија, десничарите најавија нови протести и напади на 30-тина локации

Британската полиција денеска се подготвува за нови антиисламски немири, откако екстремно десничарските групи најавија планови за најмалку 30 напади врз центри за азил и канцеларии за имиграција низ целата земја, јавија американските медиуми.

За вечерва свои собири најавија и антифашистичките демонстранти.

Властите мобилизираат околу 6.000 специјално обучени полицајци за да одговорат на немирите, а лондонската полиција соопшти дека ќе направи „се што е во нивна моќ“ за да го заштити главниот град.

-Свесни сме за настаните планирани од групи поттикнати од омраза и раздор во главниот град, изјави доцна синоќа заменик-помошникот комесар Енди Валентин од лондонската Метрополитен полиција. „Тие многу јасно ја кажаа својата намера да предизвикаат нарушување и поделба… Ние нема да го толерираме ова на нашите улици“, додаде тој.

На улиците низ англиските градови владее тензична атмосфера, проследена со спорадични насилства, откако минатата недела беа убиени три девојчиња во северозападниот англиски град Саутпорт.

На интернет најпрво се прошири веста дека зад нападот стои Али Ал Шакати, наводен муслимански барател на азил, кој со брод пристигнал во Велика Британија и е на списокот за набљудување на МИ6. На крајот беше објавено дека напаѓачот е 17-годишниот Аксел Рудакубана, млад човек роден во Кардиф, чии родители се по потекло од Руанда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот