Украински тенкови / Фото: Profimedia

Се навестува ли поделба на Украина на два дела?

Повици со можност Украина да биде поделена на две држави од неодамна започнаа да превладуваат во медиумите од највисоките разузнавачи инволвирани во руско-украинскиот конфликт.

Ваква најава денеска испрати шефот на руската Агенција за разузнавање, кој ги обвини САД и Полска дека планираат да добијат сфера на влијание во Украина. Ова е досега најсилниот сигнал од Москва дека војната може да заврши со присилна поделба на Украина меѓу Западот и Русија.

Сергеј Наришкин, началникот на руската служба за надворешно разузнавање (СВР), цитираше необјавени разузнавачки информации кои, како што рече, покажуваат дека САД и Полска, сојузниците на НАТО, подготвуваат заговор да вратат полска контрола врз дел од западна Украина.

– „Според разузнавачките информации добиени од Руската служба за надворешно разузнавање, Вашингтон и Варшава работат на планови за воспоставување строга воена и политичка контрола на Полска врз нејзините историски имоти во Украина” – наведува Наришкин во ретката изјава објавена од СВР.

Како што објасни, првата фаза на „повторното обединување” треба да биде влегувањето на полските трупи во западните региони на Украина под слоганот за нивна „заштита од руска агресија”.

Од друга страна, слични информации пристигнуваат и од украинска адреса. Шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов во изјава за медиумите неодамна напомена дека Русија се обидува да ја подели Украина на два дела откако не успеа да ја окупира целата земја.

– Тие се обидуваат да создадат Северна и Јужна Кореја во Украина – рече Буданов.

Тој додаде дека Украина наскоро ќе започне герилски акции на територијата под руска окупација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот