EPA-EFE/PIETER STAM DE JONGE

Се формира нова фудбалска лига, Белгија и Холандија ќе играат во Бенелига

На почетокот од февруари и официјално се појави предлогот, веќе месецов пристигна и потврдата.

Пред нешто повеќе од еден месец, Белгија и Холандија дојдоа на идеја најсилните национални лиги за ги спојат во една заедничка.
Вчера 25 белгиски фудбалски екипи на генералното собрание ја поддржаа идејата за спојување на својата лига со Холандската, односно да се создаде ново натпреварување, Бенелига.
„Оваа желба се темели на почитување на спортските амбиции на најголемите клубови и на потребата да се обезбеди финансиска стабилност за сите екипи, посебно во времето во кое живееме. Одлучивме да создадеме заедничка лига и се надеваме дека овој проект ќе донесе напредок и во пониските лиги“, стои во соопштението на белгиската професионална лига.

Се уште не е познато кои екипи ќе учествуваат во новоформираната Бенелига, но во најскоро време се очекува и оваа информација да биде позната. Сигурно е дека ќе учествуваат најсилните и најголемите екипи како Ајакс, Феенорд, ПСВ, АЗ Алкмар од едната и Бриж, Андерлехт, Стандард, Генк, Гент од другата стана.
Моментно лидер во белгискиот шампионат е Бриж со 70 бода, пред Антверпер (51) и Генк (49), додека во холандското првенство Ајакс има 63 бода, ПСВ има 55, а АЗ 52 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот