Фото: Фејсбук

Сè е подготвено за новото издание на „Штипска пастрмајлијада“

Штипските институции и угостители се подготвени за манифестацијата „Пастрмајлијада”, што ќе се одржи викендов на старата локација, односно на улицата кај новата Пошта и Градскиот стадион. Угостителите и локалните институции денеска имаа средба, на која се договараа детали за успешно организирање на штипската „Пастрмајлијада”. Новина е што годинава пастрамајлијата на штандовите ќе се продава поскапо за 30 денари или цената ќе биде унифицирана и ќе изнесува 150 денари, а причината е да се задржи препознатливиот вкус на овој гурмански бренд.

– Ние како организација Општина Штип и со угостителите како партнери сакаме да го заштитиме брендот со нормирани продукти значи 250 грама тесто и 160 грама месо да содржи главната состојка на пастрмалијата и да се продава по унифицирана цена од 150 денари – вели Кирил Панајотов вработен во Општина Штип.

На крстосницата „Дујле” денеска се монтира и сцената, каде што ќе настапат македонски и балкански музички ѕвезди и групи. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека за оваа манифестација е предвиден и посебен сообраќаен режим, со цел да не се создадат низа проблеми низ улиците.

– Пред се овде зборувам за режимот на сообраќај, за безбедносниот режим, за се она што е во делот на здравството и токму затоа и со полицијата и со секторот за внатрешни работи Штип, здравствениот дом и итната медицинска помош, двете јавни претрпијатија, територијалната противпожарна единица и сообраќајните инспектори од градот, направивме состанок на кој што веќе ги привршуваме овие координации во делот на Пастрмалијадата – вели Бочварски.

Инаку во градот ќе се влегува од трите страни, а полиција и редари од јавните претприајтија ќе ги насочуваат возилата, каде да се паркираат. „Пастрмајлијада” почнува и официјално во петок, каде што освен забава на штандовите ќе се продававаат и пастрмајлии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот