Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Се договорија – Јапонија ќе купи 100 авиони „Боинг“ и повеќе американски ориз

Јапонија ќе купи 100 авиони од американскиот производител „Боинг“ и ќе ги зголеми испораките на ориз од САД за 75 проценти како дел од трговскиот договор меѓу Токио и Вашингтон, изјави денес функционер на Белата куќа, цитиран од Ројтерс.

Договорот, исто така, вклучува купување на американски земјоделски и други производи во вредност од 8 милијарди долари од Јапонија. Јапонските нарачки за американските одбранбени компании ќе се зголемат од 14 милијарди долари годишно на 17 милијарди долари, додаде функционерот на американската администрација. Според постигнатиот трговски договор, јапонската стока, вклучително и автомобилите увезени во САД, ќе подлежат на царина од 15 проценти, пренесува БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот