Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Се бара притвор за 57-годишниот скопјанец фатен како подметнува пожар во Ѓорче
Скопското Основно јавно обвинителство поведе постапка и бара притвор за 57-годишниот скопјанец кој вчера беше уапсен под сомнение дека предизвикал пожар во Општина Ѓорче Петров.
Препорачано
Осомничениот се товари за кривичното дело „предизвикување општа опасност“ бидејќи, според ОЈО, „намерно предизвикал пожар и значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери“.
Како што информираат од Обвинителството, 57-годишниот жител на Скопје пожарот го предизвикал на улицата „Ѓорче Петров“, каде што со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева.
„Со настанатиот пожар биле зафатени и изгорени околу 200 квадратни метри тревна површина, а постоела реална опасност огнот да излезе од контрола и да зафати неограничен круг објекти во населено подрачје“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Поради тежината на кривичното дело и предвидената затворска казна од пет години, надлежниот јавен обвинител оценил дека постои ризик осомничениот побегне за да избегне кривичен прогон, поради што побара од Судот да му определи мерка притвор.
Педесет и седумгодишен скопјанец со иницијали Д.Н. беше приведен вчеравечер откако бил забележан од граѓанин како околу 21:40 часот запалил сува трева на улица во Општина Ѓорче Петров.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
15мин
-
23мин
-
33мин
-
38мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5