
СДСМ: Мицкоски и Апасиев повторно изгубија на избори
Со двојната победа на СДСМ и владејачката коалиција, во Центар Жупа и Маврово-Ростуше граѓаните испратија силна, јасна и недвосмислена порака дека сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности, соопшти утрово СДСМ.
Препорачано
„Граѓаните во тешки времиња препознаа дека СДСМ и европската коалиција го држат вистинскиот правец и ги спроведуваат вистинските, европски политики и на Мицкоски и Апасиев им испорачаа нов изборен пораз. Што и да зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ, фактите се неумоливи. Тие на вонредните локални избори изгубија во две општини, а во третата имаат пад на гласовите од над 1.000 гласа“, велат од владејачката партија.
„Мицкоски може да се врати во основно образование бидејќи и математиката и политиката му се слаба страна. Тоа што се обидува сопствениот пораз да го претставува за некаква победа покажува дека Мицкоски има проблем со математичките операции ама и со логиката. Можеби затоа и го нема да се јави Мицкоски со денови, макар и на својот ФБ профил. Нема што да каже, бидејќи граѓаните му кажаа дека се за напредок, развој, економски раст, повисоки плати, одговорност и посветеност, а против блокади, деструкции, лаги и шпекулации“, се додава во соопштението.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5