СДСМ: Коњановски и ВМРО-ДПМНЕ во Битола потрошија 100 милиони евра, а ништо не изградија

„Сè што ветија градоначалникот на Битола Тони Коњановски и ВМРО-ДПМНЕ – излажаа“, велат од советничката група на СДСМ, од Општина Битола. СДСМ прашува: Каде се мултифункционалниот спортски комплекс, двата кружни тока, новиот парк со адреналински содржини, новото училиште во Луковски ливади, каде е и реновираната зоолошката градина со новите содржини и новата противпожарна зграда…?

„Коњановски вети дека Битола ќе добие нов мултифункционален спортски комплекс, пред две години беше промовирано и идејното решение. Но, денеска битолскиот градоначалник, наместо да го отвора тој спортски комплекс, дава нови ветувања, дека Битола ќе добие две нови спосртски сали. Беа ветени кружни текови на неколку различни локации, наместо тоа беше изграден само еден и тоа двапати асфалтиран поради деформации на асфалтот. Беше ветено нов парк со адреналински содржини во нова Битола, но наместо парк добивме паркче и тоа четири пати помало од ветеното. За ветувањата како што беа: ново училиште во Луковски ливади, или реновирањето на зоолошката градина и воведување на нови содржини, изградба на противпожарна зграда, не треба ниту да се коментираат“, велат од советничката група на СДСМ.

Од СДСМ – Битола, предупредуваат дека во изминатите три години Битола, наместо да напредува, градот на конзулите, назадува.

„Потрошени се над сто милиони евра, а граѓаните ништо од тоа не видоа. Со секој дожд, снег, или ветер граѓаните се плашат дали ќе бидат поплавени, дали ќе имаат струја дали покривот ќе им биде откорнат, а при тоа општина Битола ништо и не презема. За жал градоначалникот, Тони Коњановски, во изминативе три години не ја искористи поддршката од советничките групи во Советот на Општина Битола за навистина нешто и да реализира, а како велеше тој во предизборната кампања, ‘гарантираме и редица на проекти’ – гаранцијта помина“, велат во советничката група на СДСМ.

Од СДСМ Битола, порачуваат дека граѓаните ја гледаат реалноста, во кои нема место за лажните тврдења на Коњановски, дека во Битола ‘се ‘гради, како никогаш досега’. Во изминатите три години, во Битола не се изградија проекти, туку само трошки, од кои не се задоволни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот